Хроника од 15-та седница

Скопје, 09.03.2018г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на постапка за одземање на дозвола за телевизиско емитување на Трговското радио дифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СУПЕР СКАЈ, Муслим ДООЕЛ с.Мала Речица Тетово, поради престанок на правното лице.

Со оглед на тоа што претходно беше донесена одлука со која се дозволи промена на промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво ЕНЏЕЛС ФМ ДООЕЛ Штип, Советот на Агенцијата  донесе Решение за запирање на постапката за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација по службена должност кај овој радиодифузер.

Предлогот за покренување на постапка за одземање на дозволата на радиодифузер беше повлечен од Дневниот ред на 15-та седница, бидејќи радиодифузерот во меѓувреме го уплатил годишниот надоместок за дозволата.

Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да донесе одлука за набавка од мала вредност за услугата – обука на лица вработени во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои учествуваат во постапки за јавни набавки како членови на комисиите за јавни набавки.



Accessibility

Accessibility