Скопје, 27.04.2022 година – Советот на Агенцијата на 16-та седница изрече две мерки за јавна опомена и тоа: врз основа на констатациите од извршен редовен програмски надзор на ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 55 став 5 од ЗААВМУ и согласно писмениот извештај за извршен редовен административен надзор на ТРД АЛСАТ – М ДОО Скопје мерка јавна опомена заради прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
Советот на Агенцијата го донесе Ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека во целост се согласува со известувањето за извршена проверка на преземени мерки во врска со дадени препораки содржани во конечниот извештај на овластениот државен ревизор, заверено во Агенцијата под број 03-839/2 од 05.04.2022 година.