Хроника од 16-та седница

Скопје, 02.04.2019г. – Советот на Агенцијата додели дозвола за радио емитување на програмски сервис, говорно-музичко радио со специјализиран формат кај кое доминантниот вид на програма има забавна функција, на албански и на македонски јазик, на државно ниво.

Во врска со Информацијата за вонреден инспекциски надзор во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата ја отфрли како неоснована Иницијатива испратена до Државниот управен инспекторат на Република Северна Македонија, поднесена од ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип.

Врз основа на констатации од извршен надзор, Советот на Агенцијата донесе Решение за изрекување мерка – јавна опомена на ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип за прекршување на член 50 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (заштита на малолетните лица од програми што би можеле да му наштетат на нивниот физички, психички или морален развој) и членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица.

Донесен е и Правилник за пристапот до системот на електронска евиденција на работното време во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility