Хроника од 17та седница

Скопје, 09.05.2022 година – На денешната седница Советот на Агенцијата одобри ребаланс на Финансискиот план за 2022 година со што се дообезбедија финансиски средства наменети за зголемување на средствата за одржување на софтверот на системот за мониторирање на радио и ТВ сервиси и надзор на операторите на јавна електронска комуникациска мрежа.

Поради констатирано прекршување врз основа на редовен програмски надзор, Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на Друштвото за телекомуникации СКУПИ КАБЛЕ ДОО Скопје поради реемитување на програмски сервис кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од АВМУ.

Во врска со Барањето од Здружението на регионални и локални ТВ станици Медиум Објектив, Советот на Агенцијата донесе Заклучок да даде поддршка на следните барања: доколку Владата е во можност да обезбеди дополнителна финансиска помош за покривање на трошоците за надоместок за дозвола за емитување за 2022 година, исто така и покривање на трошоците за пренос на регионалните телевизии кои емитуваат програма преку DVB-T како и за покривање на трошоците на сите телевизии кои емитуваат преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа и за тоа плаќаат надоместок и за започнување на јавна дебата со барање за формирање Фонд за медиуми со кој би се субвенционирале програмски содржини и истражувачки приказни од регионална и локална тематика, заради развој на програмската понуда и стимулирање на демократскиот плурализам во општеството.

 

 



Accessibility

Accessibility