Хроника од 17та седница

Скопје, 09.06.2021 – Врз основа на констатации од контролен програмски надзор, каде е констатирано прекршување на член 50 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетни лица,  односно несоодветно категоризација и ознака и емитување во несоодветен програмски период, Советот на Агенцијата донесе предлог за поведување на прекршочна постапка против ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје.

Советот на Агенцијата изрече и две мерки јавна опомена, на КАБЕЛ ДОО Струмица и АНТЕНА АС КТВ ДООЕЛ Кичево, за реемитување на програмски сервис кој не е опфатен со потврдите за регистрација на програмски сервиси, што е спротивно на чл.141 од ЗААВМУ.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавна набавка: Студија за можностите за воведување на дигитално радио, Анализа на можностите и потребите за воведување на DVB-T2, Истражување-Анализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во програмите на радиодифузерите и набавка на стока-пијалаци и потреби за кујна.



Accessibility

Accessibility