Хроника од 17-та седница

Скопје, 21.04.2017г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување една дозвола на непрофитна радиодифузна установа, за радио емитување на програмски сервис, на ромски и македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Штип.

Во однос на Информацијата за опомена пред тужба со Изјава за откажување од заложното право воспоставено врз основа на Договор, Советот донесе Заклучок со кој Агенцијата останува на претходно заземениот став, односно ставот на ставот за активирање на заложно право.

Со цел да се започнат постапки за јавна набавка кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2017 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата, да спроведе постапки за јавни набавки-услуги: мобилна телефонија за период од 2 години, систематски прегледи на вработените во Агенцијата и електронска препорачана испорака на документи (Е-ПРАТКА). 



Accessibility

Accessibility