Скопје, 17.06.2021 – Врз основа на констатациите од Писмениот извештај за извршен вонреден, по службена должност административен надзор, Советот на Агенцијата на ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија, му изрече марка јавна опомена поради тоа што спровело промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата и без истата да биде одобрена што е спротивно на член 41 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ.
На денешната седница Советот заклучи против ТРД – оператор на кабелска мрежа ВИВА НЕТ ДООЕЛ Берово да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд бидејќи спротивно на член 141 од ЗААВМУ наведениот оператор на територија на општина Берово и општина Пехчево во својот програмски пакет реемитува програмскиот сервис кој што не е регистриран во Агенцијата.
Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволува промена во сопственичката структура на ТРД ТВ-СТАР ДОО Штип и даде одобрување на директорот на Агенцијата за спроведување на постапката за јавна набавка -стока: Канцелариски материјали.