Скопје 23.04.2024г. – На денешната седница Советот на Агенцијата покрена прекршочна постапка против ТРД „КЛАН МАЦЕДОНИА“ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ-САРАЈ, Скопје врз основа на извршен надзор над изборното медиумско претставување, каде е констатирано прекршување на член 75 став 1, а во врска со член 75 став 4 алинеја 1 од Изборниот законик, односно необезбедување информирање за изборниот процес во формат достапен за лицата со попреченост. Кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за период од 1 јануари до 31 март 2024 година, се одложени за првото продолжение на 18та седница.