Хроника од 18-та седница

Скопје, 06.05.2020 – Советот на 18-та седница поради прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица заклучи да им изрече мерка јавна опомена на ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје и на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје.

Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одобрува ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020-та година за да се обезбедат финансиски средства во вкупен износ од 354.000,00 денари, наменети за набавка на заштитни средства за превенција од Коронавирусот. Согласно таа потреба Советот даде одобрување за дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На седницата исто така Советот даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка–услуга: Одржување на дополнителниот модул на постојно апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“.



Accessibility

Accessibility