Скопје, 21.05.2015 година – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе два правилника и тоа: Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бр.01-579/1 од 23.01.2015 година и Правилник за измена на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски бр.01-578/1 од 23.01.2015 година.
Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволува промена во сопственичката структура на Трговското Радио-Дифузно Друштво Б-97 ДООЕЛ Битола и Стратегија за управување со ризици на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Со цел да се започне постапката за јавна набавка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2015 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата, да спроведе постапка за јавна набавка – услуга: Ангажирање на Биро за преведување.
Советот даде одобрување на Одлуката на Директорот на Агенцијата за враќање на работа врз основа на судска пресуда, во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.