Хроника од 18-та седница

СКОПЈЕ, 27.03.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси ТВ Сонце, Наша ТВ, Канал 5 плус и Сител 3 емитувани од 17 до 23 март 2014 година за почитување на член 92 ставови 4 и 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Со мониторингот е констатирано дека наведените радиодифузери ја почитува законската обврска да емитуваат најмалку 8 часа вокална и/или вокално-инструментална музика на македонски јазик во текот на неделата. Исто така, почитувана е и обврската половина од законски предвидениот минимум за емитување вокална и/или вокално-инструментална музика на македонски јазик во текот на неделата (8 часа) да биде забавна вокална и/или вокално-инструментална музика, а другата половина народна вокална и/или вокално-инструментална музика.

Агенцијата ја усвои Информацијата за доставени претставки и барања од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) поврзани со мониторингот на изборниот процес во 2014 година. Текстот на одговорите на Агенцијата до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како подносител на претставките поврзани со мониторингот на изборниот процес во 2014 година, може да ги преземете во следниве линкови:

1. Известување до СДСМ Социјал демократски сојуз

2. Известување до СДСМ Социјал демократски сојуз

3. Известување до СДСМ Социјал демократски сојуз

4. Известување до СДСМ Социјал демократски сојуз

Агенцијата на денешната седница го разгледа барањето за поддршка на намерата на НДИ да организира дебати со потврдените кандидати за претседателските и парламентарните избори во 2014и ја поддржа идејата на НДИ.

Агенцијата ја усвои Информацијата во врска со доставената опомена за недостасувањето на податоци до Друштвото за производство, телекомуникациски услуги и трговија Интерлајф ДООЕЛ Демир Капија според констатираниот прекршок казнив по член 148 став 1 точка 26 и став 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и заклучи против Друштвото за производство, телекомуникациски услуги и трговија Интерлајф ДООЕЛ Демир Капија да поведе прекршочна постапка односно претходно да спроведе постапка за порамнување согласно Законот за прекршоците.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија, Потврда бр. 11 со која регистрираниот дигиталенпрограмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Planeta TV, Boka TV и Face TV.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп, Потврда бр. 62 со која регистрираниот дигитален програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Private TV, Elrodi, Muse, Club TV.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – aналоген збирен пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свети Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 9 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: Ра Рос Метрополис Радио ДОО.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свeти Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 30 со која регистрираниот дигитален програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Food Network, FLN и Ра Рос Метрополис Радио ДОО.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп, Потврда бр. 63, 29, 31, 25, 27, 29 и 28 со која регистрираниот дигитален и аналоген програмски пакет, како целина се дополнува соследниот телевизиски програмски сервис: ID Xtrа.

-на Македонски Телеком АД – Скопје, Потврда бр. 58 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Sport Klub 1, Sport Klub 2, Sport Klub 3 и Cinemania.



Accessibility

Accessibility