Хроника од 18-та седница

Скопје, 28.03.2018 – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување на дозвола на Друштвото за производство, трговија и услуги БМЈ МЕДИА ГРОУП ДОО Скопје, за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, кој ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, на државно ниво.

Во однос на резултатите од извршената ревизија од независен ревизор за 2017 година, Советот го утврди ставот на Агенцијата во однос на резултатот од извршената ревизија, односно се согласи со мислењето дадено во Ревизорскиот извештај за 2017 година.

Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одобри Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година, кој содржи Извештај за реализација на годишен план за програмски надзор за 2017 година и финансиски извештај за реализација на финансискиот план за 2017 година и годишна сметка со реализирани приходи, расходи, побарувања и обврски за 2017 година.

Со цел да се започне постапка за јавна набавка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2018 година на Агенцијата, Советот даде одобрување директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка на стока – средства за хигиена.



Accessibility

Accessibility