Скопје, 12.04.2019г. – Врз основа на констатации од надзор и во согласност со Методологијата за вршење програмски надзор, Советот на Агенцијата му упати писмено укажување на РТД Телевизија Сонце ДООЕЛ Прилеп за прекршување на член 61 став 1 алинеја 9 и 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во делот на објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања и самостојноста, независноста и одговорноста на уредниците, новинарите и другите автори при создавање на програмите и креирањето на уредувачката политика.
Советот на Агенцијата го одби Барањето на ТВ Ускана Еден ДООЕЛ Тетово за повлекување на прекршочната пријава поради прекршување на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, а во врска со точка 4 од Упатството за начинот на спроведување на одредбите од Изборниот законик.