Хроника од 19 седница

Скопје, 20.11.2025 – На 19-тата седница, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го разгледа Извештајот од изборното медиумско претставување во вториот круг од Локалните избори 2025 година.

Советот го усвои Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на вториот круг од Локалните избори 2025 година, во периодот од 20 до 31 октомври 2025 година. Извештајот ќе биде објавен на веб-страницата на Агенцијата и доставен до Државната изборна комисија, согласно Роковникот за извршување на изборните дејствија, со цел обезбедување јавна достапност и транспарентност на спроведените активности.

Исто така, Советот на Агенцијата даде одобрување за исплата на парична помош по основ смрт на родител на вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

 



Accessibility

Accessibility