Хроника од 19-та седница


Скопје, 20.05.2016г. – Советот на Агенцијата донесе заклучок за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ Скопје, заради целосна извршена уплата на долгот за годишниот надоместок. На седницата беше донесен и заклучок за прекинување на постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација кај ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип се додека Собранието на Република Македонија не даде автентично толкување на членот 39 од ЗААВМУ.

 



Accessibility

Accessibility