Хроника од 19-та седница

Скопје 26.04.2024г. – На 19та седница, одржана на 25.04.2024г. Советот на Агенцијата покрена прекршочна постапка против ТРД „КЛАН МАЦЕДОНИА“ ДООЕЛ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ-САРАЈ, Скопје врз основа на извршен надзор над изборното медиумско претставување, каде е констатирано прекршување на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик, односно при известувањето за време на изборниот молк за првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 година, телевизијата во повеќе свои програми/содржини емитуваше информации и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите.

Воедно, Советот на Агенцијата го усвои Упатството за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и за Парламентарните избори 2024.

 



Accessibility

Accessibility