Хроника од 19-та седница

Скопје, 29.06.2021 – Поради потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција, спречување на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19, Советот на Агенцијата на денешната седница заклучи во периодот до 31.12.2021 година седниците да се одржуваат преку видео конференциска врска. Седниците на Советот може да се одржуваат и со физичко присуство во просториите на Агенцијата, во зависност од состојбата со Коронавирусот.

Советот на Агенцијата даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе Одлука со која се одобруваат финансиски средства за обновување на 4 кориснички пристапи на електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“, за период од 12 месеци.



Accessibility

Accessibility