Скопје, 14.01.2016г. – Со цел да се започнат постапки за јавни набавки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2016 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве јавни набавки: набавка на ИКТ опрема-компјутери, услуга-податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици и услуга-пренос на податоци од далечинските локации.