Скопје, 20.05.2022 година – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД РАДИО ХИТ ФМ ДООЕЛ Скопје поради извршена целосна уплата на годишниот надоместок за дозвола за радио емитување.
Врз основа на констатации од извршен контролен програмски надзор, Советот на Агенцијата покрена прекршочна постапка против ТРД СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за емитување на прикриена аудиовизуелна комерцијална комуникација на садови за готвење што ги продава “Комодита хоум“, што е спротивно на член 53 став 2 од ЗААВМУ.
Советот на Агенцијата изрече и една мерка јавна опомена на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип за неисполнување на обврските од член 15 став 5 од Законот за медиуми, односно радиодифузерот не доставил до Агенцијата писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за телевизиско емитување.