СКОПЈЕ, 04.12.2014 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ги донесе следниве Правилници : Правилник за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма, Правилник за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти, Правилник за безбедност и здравје при работа, Правилник за нивелација на тонот на аудиовизуелна содржина, Правилник за условите, начинот и постапката за чување и бришење снимки на радио и телевизиски програмски сервиси, Правилник за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво во Република Македонија.
Советот на Агенцијата усвои два Нацрт – Правилници : Нацрт – Правилник за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Нацрт – Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Советот на Агенцијата даде одобрување за објавување на јавен повик за замена на постојните дозволи за вршење радиодифузна дејност со нови дозволи за телевизиско или радио емитување.
Советот на Агенцијата донесе одлука за обезбедување на стручна помош при изработка на Нацрт – План за намена и распределба на капацитети на дигитален терестериален мултиплекс на оператор на јавна комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите.