Хроника од 20-та седница

Скопје, 01.06.2017г. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата, по писмени барања од заинтересирани страни, донесе поединечни одлуки за необјавување на јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс.

Советот го усвои предлогот на директорот да го информира Министерството за внатрешни работи, дека постои сомневање за повреда на авторските права и сродните права од страна на Трговското друштво за радиодифузија ТВ Канал ВИС ДООЕЛ Струмица, по иницијатива поднесена од граѓанин, а врз основа на надлежноста утврдена во член 18 став 1 алинеја 7 од Законот за аудио и аудиовизуелна медиумска дејност.

Воедно, Советот даде одобрувања за дообезбедување на средства потребни за реализација на договорот за јавна набавка – стока: дигитален сертификат за електронски потпис на токен. 



Accessibility

Accessibility