Скопје 26.06.2023 – Советот на Агенцијата на денешната седница донесе Одлука за зголемување на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година, заради обезбедување на финансиски средства во вкупен износ од 300.000,00 денари, наменети за доделување на финансиска помош – Донација за Советот за етика во медиумите на Македонија, за да им се овозможи непречено функционирање на Извршната канцеларија и комисијата за жалби.
Поради непочитување на член 141 и член 143 став 3 од ЗААВМУ, Советот му изрече две мерки јавна опомена на операторот Тотал ТВ.