Скопје, 27.05.2022 година – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одби Барањето од ТРД 24 ВЕСТИ Штип, од причина што Студијата која се изработи за оваа цел, утврди дека нема оправданост за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, претежно информативен општ формат и општ формат во кој застапени видови програми ги остваруваат сите три медиумски функции.
Врз основа на констатации од извршени контролни програмски и административен надзор, Советот на Агенцијата покрена прекршочна постапки против ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 92 ставови 1 и 3, и член 51 став 1 од ЗААВМУ. Прекршувањата се однесуваат на неемитување на најмалку 30% програма изборно создадена како македонски аудиовизуелни дела емитувана во период од 7,00 до 19,00 часот и не обезбедување информации што треба да им се направат достапни на корисниците.
Советот на Агенцијата изрече и една мерка јавна опомена на ДПТУ АНТЕНА АС КТВ ДООЕЛ Кичево за прекршување на член 141 од ЗААВМУ, реемитување на нерегистриран програмски сервис „Russia Today Documentary”.
Со цел започнување на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка на услуга – Лиценца за уред за безбедност на компјутерска мрежа (Firewall).