Хроника од 21 седница

Скопје, 12.12.2025 – На 21. седницата, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го разгледа Извештајот од редовниот програмски надзор кај „Тотал ТВ“ ДОО Скопје, при што утврди повреда на законските одредби поради реемитување странски програмски сервиси кои не се опфатени со потврдата за регистрација. Поради утврденото прекршување, Советот заклучи да покрене прекршочна постапка пред надлежен суд.

Советот донесе Одлука со која се одобрува промената во сопственичката структура на ТВ „Шутел“ ДООЕЛ Скопје, при што беше утврдено дека предложените промени не создаваат недозволена медиумска концентрација.

Исто така, Советот даде одобрение за спроведување постапка за набавка на услуга за обука поврзана со подготовка на технички спецификации и критериуми за утврдување на способност, како и за набавка на услуги за закуп на простор за огласи во дневни весници и за надворешна контрола на безбедноста и издржливоста на мрежата и интернет-порталите на Агенцијата.

Дополнително, беше одобрено обезбедување финансиски средства за обновување на два кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“, за период од една година.



Accessibility

Accessibility