Хроника од 21-та седница

Скопје 22.07.2021 – На денешната седница Советот на Агенцијата го усвои Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма, за кој беше отворена јавна расправа којашто траеше 30 дена, од 19 мај заклучно со 17 јуни 2021 година.

Врз основа на констатации од контролен програмски надзор, каде е констатирано прекршување на член 143 од ЗААВМУ и вршење на повреда на Законот за која е опоменат, односно не врши реемитување на програмските сервиси „МРТ 2“, „МРТ 3“, „МРТ 4“ и „МРТ 5“, Советот заклучи против Друштвото за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје да покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд.

Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одобри ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021-та година и донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Правилник за систематизација на работните места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилник за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата за спроведување на следниве постапки за јавна набавка: услуга – одржување Денови на медиумска писменост 2021, услуга – одржување и сервисирање на лифтови и платформа и услуга – фиксна телефонија.

Советот на Агенцијата донесе и Одлука за поведување постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација, по службена должност, кај Трговското радиодифузно друштво ТВ НОВА ДОО Гевгелија.



Accessibility

Accessibility