Скопје, 22.06.2017г. – Заради потреба од набавка на техничко одржување на лифтови и платформа во деловниот објект Палата „Панко Брашнаров“ и потреба од набавка на организирање на меѓународна регулаторна конференција за медиуми и свеченост, Советот на Агенцијата даде одобрување за дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2017 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Согласно наведеното дополнување, Советот даде одобрување за спроведување на постапка за доделување договор за јавна набавка за услугата: Организирање на меѓународна конференција за медиуми и свеченост.
Воедно, на 22-та седница, Советот донесе изменето издание на Стратегијата за управување со ризици со прилозите – Образец за утврдување и проценка на ризиците и Образец за мапирање на ризиците.