Хроника од 22-та седница

Скопје, 12.07.2023 – На вчерашната седница Советот на Агенцијата го усвои Нацрт-правилник за изменување на „Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување „Службен весник на Република Македонија“ бр.172/2014 и 76/2015)“. По текстот за Нацрт-правилникот е отворена јавна расправа во траење од 45 дена.

Во врска со Иницијативата за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД АЛСАТ-М ДОО Скопје, Советот донесе Решение за отфрлање на Иницијативата, бидејќи истата не содржи податоци врз основа на кои Агенцијата може да утврди дали има законски основ за покренување на постапка за одземање на дозволата за ТВ емитување и поради тоа што е доставена како анонимна пријава и немањето можност да се извести подносителот да ги отстрани недостатоците.

Врз основа на констатации од извршени надзори, Советот на Агенцијата на денешната седница изрече три мерки за јавна опомена на РТД Метрополис Радио ДОО Скопје, и тоа:

  • За прекршување на член 54 став 5 од ЗААВМУ – спонзорирани вести;
  • За прекршување на член 100 став 1 од ЗААВМ – надминување на лимитот за рекламирање од 12 минути на еден реален час;
  • За прекршување на член 14 од Законот за медиуми – необјавување податоци за импресум во целините од радиовести.

 

За потребите на Агенцијата, Советот даде одобрување за спроведување на две постапки за јавна набавка, и тоа: Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување и  електрична енергија. Исто така одобри финансиски средства за обновување на четири кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на РСМ“ и даде одобрување за донесување Одлука за набавка на стока со проценета под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки.



Accessibility

Accessibility