Хроника од 23та седница

Скопје, 14.06.2022 година – На денешната седница Советот на Агенцијата врз основа на констатации од извршен контролен програмски надзор, Советот на Агенцијата покрена прекршочна постапки против АНТЕНА АС КТВ Кичево за прекршување на член 141 од ЗААВМУ. Прекршувањето се однесува на реемитување на нерегистриран програмски пакет.

Советот на Агенцијата изрече и две мерки јавна опомена, на А1 Македонија ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 141 од ЗААВМУ, односно реемитување на нерегистрирани програмски сервиси и на ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје за прекршување на член 143 став 3 од ЗААВМУ за нереемитување на програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис.

Поради усогласување со законската регулатива од Законот за заштита на личните податоци, Советот на Агенцијата донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за вршење на видео надзор, Анализа на ризик за утврдување и проценка на ризиците при обработка на личните податоци и Методологија за спроведување на проценка на влијанието на заштитата на лични податоци.

Советот на Агенцијата даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе одлука за отпис од сметководствена евиденција на АВМУ на долг на ДПТУ КАБЕЛ АС КТВ увоз-извоз ДООЕЛ Македонски Брод.

Со цел започнување на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата да донесе одлука за набавка на услуга – Изработка на веб страница „Родот и медиумите“ со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки.

 

 



Accessibility

Accessibility