Хроника од 23-та седница

Скопје, 19.06.2020 год. – Поради промената на лимитите за платено политичко рекламирање со Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија донесена на 15 јули 2020 година, Советот на Агенцијата донесе ново Упатство за лимитите за платено политичко рекламирање за Изборите во 2020 година и го поништи Упатството бр.01-2545/1 од 15.06.2020 година.

Советот на Агенцијата поради прекршување на член 141 од ЗААВМУ заклучи да им изрече јавна опомени на операторите ПЕТ НЕТ од Гевгелија и ДРИМ САТ ИПТВ од с.Чегране, Гостивар. Поради прекршување на  член 15 став 2 од Законот за медиуми му изрече јавна опомена и на издавачот на печатен медиум КАПИТАЛ МЕДИЈА ГРУП од Скопје.

На оваа седница Советот даде согласност за членство на Шведскиот совет за медиуми во ЕПРА и за усвојување на Завршната финансиска сметка на Секретаријатот на ЕПРА за 2019 година.

Исто така даде одобрување за спроведување на постапки за јавна набавка за потребите на Агенцијата за Канцелариски материјали, Пијалаци и потреби за кујна и за набавка од мала вредност – потрошен информатички материјал за потребите на Агенцијата за изборниот процес.

Советот во врска со доставените забелешки во однос на Упатството за потврдување на извештаите за емитувано ППР одлучи Агенцијата да ги прими снимките од радиодифузерите во било кој формат а службата да вложи напор истите да ги прегледа.



Accessibility

Accessibility