Скопје 23.05.2024г. – На денешната 23-та седница, Советот на Агенцијата ги усвои Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за вториот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 и Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за Парламентарните избори 2024 година. Воедно, за потребите на Агенцијата и согласно Планот за јавни набавки за 2024 година, Советот одобри спроведување на постапка за јавна набавка на услуга – одржување на веб сајтовите на Агенцијата.