Скопје, 24.12.2014 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ја усвои Програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година (со Програма на планирани активности и Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година).
Советот на Агенцијата донесе Годишен план за јавни набавки во 2015 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Советот на Агенцијата ги донесе следниве одлуки: Одлука за потреба од јавна набавка: Услуга за транскодирање, сегментирање, снимање и трансфер на регионални ТВ сервиси што емитуваат програми преку дигитален терестријален мултиплекс, Одлука за потреба од јавна набавка: Финансиско – осигурителни услуги, Одлука за потреба од јавна набавка: Компјутерска опрема – преносни компјутери, Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс на регионално ниво на ТРД ТВ Студио ТЕРА Манговски Зоран Битола ДООЕЛ, Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс на регионално ниво на ТРД ТВМ Арнаудов Михајло, Охрид ДООЕЛ.
Советот на Агенцијата констатираше престанување на важноста на дозволата за вршење на радиодифузната дејност на ТРД РАДИО МОРИС ПЛУС ДООЕЛ Македонски Брод – во ликвидација, бр.07-3460/1 од 26.11.2018 година, по сила на закон и бришење на радиодифузерот од регистарот на радиодифузери.