Скопје, 04.05.2018 – Советот на Агенцијата на 23-та седница донесе Одлука за доделување на дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно општ забавен формат, на македонски, албански и турски јазик, преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс, на регионално ниво (Општини Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше).
Согласно Студијата за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс, каде е утврдено дека нема оправданост за објавување на јавен конкурс, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Одлуки за одбивање на Писмените барања од ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип и ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје.
Поради прекршување на член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје.
Со цел да се започнат постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2018 година на Агенцијата, Советот даде одобрение да се спроведе јавна набавкa – услуга: одржување на веб страниците на Агенцијата и две јавни набавки – стока: пијалаци и потреби за кујна и канцелариски материјали.