Хроника од 24та седница

Скопје, 20.06.2022 година – На 24-та седница Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Иванчо Пашоски РАДИО ЛАВ ДООЕЛ Охрид, Уп1 бр.08-112 од 05.01.2015 година, поради тоа што имателот на дозволата престанал со емитување на програмскиот сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини, што претставува основ за одземање на дозволата за радио емитување согласно член 82 став 1 алинеја 2 од ЗААВМУ.



Accessibility

Accessibility