Скопје, 25.12.2025 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 25. седница која се одржа на 25 декември, ги разгледа точките од дневниот ред и беа донесени Годишниот план за вршење програмски надзор за 2026 година, Годишниот план за вршење административен надзор за 2026 година, Програмата за работа на Агенцијата за 2026 година, како и Годишниот план за проценка на ризици од корупција и Годишниот план за спречување на корупција за 2026 година.
Советот го усвои Водичот за инфлуенсери, влогери и креатори на содржини, а врз основа на констатациите од Извештајот за редовен програмски надзор донесе решение за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ЏЕЗ ФМ ДООЕЛ Скопје за прекршување на членот 80 ставови 7, 8 и 9 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2025 година, беше дадено одобрување за спроведување постапка за јавна набавка за услуга – печатарски услуги.