Скопје, 24.06.2016г. – Советот на Агенцијата на својата 24-та седница донесе две Одлуки за доделување дозволи за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно општ формат, преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, една на регионално – радиодифузен регион Д8 и една на локално ниво – општина Кичево, општина Пласница и општина Македонски Брод.
Поради неизвршување на обврските предвидени со член 15 став 1 и став 5, во врска со член 15 став 6 од Законот за медиуми, а согласно член 82 став 1 алинеја 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Советот на Агенцијата покрена две постапки за одземање на дозволи за радио емитување на ТРД РАДИО ОХРИД ДОО Охрид и Друштвото за радио дифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга.
Советот даде одобрение за набавка на услуга од мала вредност (интервентно чистење на клима ормари) за потребите на Агенцијата.