Хроника од 24-та седница

Скопје, 17.05.2018 –На денешната 24-та седница, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДООЕЛ Прилеп. Со промените во сопственичката структура на овој радиодифузер, не се создава недозволена медиумска концентрација во смисла на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Поради прекршување на член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која  се одзема дозволата за радио емитување на ТРД РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје.

Советот донесе Одлука за ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски работи за 2018 година, даде одобрување за дообезбедување на средства потребни за реализација на договор за јавна набавка и донесе изменета Одлука за потреба од јавна набавка услуга: одржување на хигиена во деловните простории на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility