Хроника од 25та седница

Скопје, 01.07.2022 год– Поради неисполнување на обврската од член 82 став 1 алинеја 2  од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради тоа што имателот на дозволата престанал со емитување на програмските сервиси повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини, Советот на Агенцијата донесе Одлука за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД РАДИО ЛАВ ДООЕЛ Охрид.

Советот на Агенцијата донесе и Одлука со која се одобри ребаланс на Финансискиот план на АВМУ за 2022 година и Правилник за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на АВМУ.

 



Accessibility

Accessibility