Хроника од 25-та седница

Скопје, 01.07.2016г. – Советот на Агенцијата на својата 25-та седница, со цел да се започне постапка за јавна набавка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2016 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, даде одобрение за спроведување на јавна набавка – услуга: одржување и сервисирање на системот за ладење, греење и вентилација.

Воедно, донесе Нацрт-правилник за начинот на вршење на видео надзор во објектот Палата „Панко Брашнаров“ од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Текстот на Нацрт-правилникот е ставен на јавна расправа, со траење од 7 дена. 



Accessibility

Accessibility