СКОПЈЕ, 17.04.2014- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница го усвои Извештајот од мониторингот на медиумското покривање на првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2014 година во вестите на националните радиодифузери. Извештаите може да ги преземете на следниве линкови:
1. Извештај од мониторингот на Јавниот радиодифузен сервис (МРТ).
2. Извештај од мониторингот на Комерцијалните медиуми.
Агенцијата ја усвои Информацијата за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на ТРД РАДИО КМР Љубиша и Бобан ДОО Куманово. Агенцијата, заклучи на РАДИО КМР да му издаде одобрение за промена на сопственичката структура, со тоа што радиодифузерот до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да достави актуелна тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа КДС-ВТ Пробиштип, Потврда бр. 8 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: ТВ Ирис (регионално Д 3), Cartoon Network/TCM, Boomerang и CNN Internacional.
– на ТРД – оператор на кабелска мрежа КДС-ВТ Пробиштип, Потврда бр. 2 со која регистрираниот дигитален програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: ТВ Ирис (регионално Д 3), Cartoon Network/TCM, Boomerang и CNN Internacional.