Скопје, 01.08.2023 – На денешната седница Советот на Агенцијата ги разгледа Кварталните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 април до 30 јуни од 2023 година.
Поради неисполнување на обврската од член 82 став 1 алинеја 2 од ЗААВМУ, односно поради неемитување на програмски сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини, Советот на Агенцијата донесе Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ИРИС ДОО од Штип.
Советот на Агенцијата донесе и Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозвола поради извршена целосна уплата на годишниот надоместок за дозвола за радио емитување на Трговското Радиодифузно Друштво БАЛКАН ФМ РАДИО ДООЕЛ Гостивар.