Хроника од 26-та седница

СКОПЈЕ, 24.04.2014- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ги разгледа извештаите од програмскиот надзор (мониторинг) на програмата на Канал Три Дебар, емитувана на 16 април 2014г, ТВ Сител Скопје, емитувана на 18 април 2014г, ТВ ВТВ Валандово, емитувана на 20 април 2014г, ТВ Сонце Прилеп, емитувана на 14 и на 16 април 2014г, ТВ Канал 5 Скопје, емитувана на 20 април 2014г, ТВ Телма Скопје, емитувана на 17, 18, 19 и 20 април 2014г, ТВ Тиквешија Кавадарци, емитувана на 21 април 2014 г, ТВ Шутел Скопје, емитувана на 17 април 2014г, ТВ Кобра Радовиш, емитувана на 22 април 2014г и ТВ Алсат – М емитувана на 21 април 2014 година и одлучи да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување и тоа:

– против ТВ Сонце Прилеп, ТВ Канал 5 и ТВ Алсат – М за прекршување на член 76 став 4 од Изборниот законик, односно поради тоа што ТВ Сонце Прилеп и ТВ Канал 5 емитувале платено политичко рекламирање во актуелно – информативна емисија, а ТВ Алсат – М емитувала платено политичко рекламирање во анимиран филм за деца;

-против ТВ Телма Скопје за прекршување на член 76 став 2 од Изборниот законик, односно поради тоа што е емитувано платено политичко рекламирање за претседателски кандидат без јасно означен нарачател;

– против Канал Три Дебар, ТВ ВТВ Валандово, ТВ Сител Скопје,ТВ Тиквешија Кавадарци, ТВ Шутел Скопје и ТВ Кобра Радовиш за надминување на дозволените лимити за платено политичко рекламирање што е спротивно на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик.

Агенцијата ги усвои обрасците на Записникот од стручен надзор и Писмениот извештај за извршен административен надзор.

Агенцијата ја усвои Информацијата во врска со поведената претходна постапка на постапката за утврдување на причините за отворање на стечајна постапка над должникот Трговско радиодифузно друштво „РАДИО БЕСА” ДООЕЛ с. Црнилиште, Долнени и заклучи да продолжи со континуирано следење на споменатата постапка.

Агенцијата го усвои Извештајот од извршениот административен надзор на исполнувањето на обврската од член 13 став 1 од Законот за медиуми. Агенцијата за неисполнување на обврската од член 13 став 1 од Законот за медиуми одлучи писмено да ги опомене ТВ Нова Куманово, ТВ Арт Тетово, РТВ Дрини Струга, Енергу Радио Струга, Радио Беса Долнени и да им даде дополнителен рок не пократок од 45 дена во кој издавачите на медиуми ќе бидат должни да ги извршат обврските од член 13 став 1 од Законот за медиуми.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

– на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје за град Тетово, Потврда бр. 29 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: ТВ Супер Скај (локално).

– на ТРД – Оператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид, Потврда бр. 16 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Sport Klub 1, Sport Klub 2, Sport Klub 3, Golf Klub, Lov i Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life и Cinemania.

-на ТРД – Oператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид, Потврда бр. 4 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Sport Klub 1, Sport Klub 2, Sport Klub 3, Golf Klub, Lov i Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life и Cinemania.

-на Друштво за услуги, производство и трговија ВВВ-ИНТЕРНЕТ ДООЕЛ Куманово, Потврда бр. 5 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Balkanika и Fen TV.

-на Друштво за услуги, производство и трговија ВВВ-ИНТЕРНЕТ ДООЕЛ Куманово продружница Липково, Потврда бр. 4со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Balkanika и Fen TV.

 

 

 

 



Accessibility

Accessibility