Хроника од 26-та седница

Скопје, 14.08.2023 – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за продолжување на дозволите за телевизиско или радио емитување на вкупно 90 (деведесет) радиодифузери, чијашто важност истекува заклучно со 31 декември 2024 година, за период од дополнителни три години од денот на истекот на дозволата. Исто така донесе и Одлука за давање согласност на ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга за промена или дополнување на повеќе од 20% од програмскиот концепт од дозволата за радио емитување.

Поради прекршување на член 55 став 2 алинеи 2, 3 и 4 од ЗААВМУ, Советот на Агенцијата заклучи да се покрене прекршочна постапка против ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје.

Советот на Агенцијата донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво телевизија ИРИС ДОО Штип и Правилник за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Согласно Планот за јавни набавки на Агенцијата за 2023 година, Советот даде одобрување за спроведување на постапки за јавна набавка и тоа: Одржување Денови на медиумска писменост 2023, Канцелариски материјали, Одржување и сервисирање на лифтови и платформа и Одржување на дополнителниот модул на постојно апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи. Во таа насока даде и одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга со проценета вредност под вредносни прагови за примена на Законот за јавни набавки односно Изработка, одржување и хостирање на веб страницата „Избори и медиуми“.



Accessibility

Accessibility