Хроника од 27-та седница

Скопје, 27.07.2016г. Советот на Агенцијата, на денешната седница го донесе Правилникот за начинот на вршење на видео надзор во објектот Палата „Панко Брашнаров“ од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. При тоа даде и одобрување на директорот за потпишување на Анекс кон Договорот за услуга за изнајмување на простор за колокација на ИКТ опрема и одобрување за спроведување на три јавни набавки: Одржување на системот за снимање на аудио-видео записи, Ангажирање фирма за водоинсталатерски и електричарски услуги и Ангажирање на биро за преведување.



Accessibility

Accessibility