Скопје, 27.07.2022 – На денешната седница Советот на Агенцијата врз основа на констатации од извршен контролен програмски надзор и по спроведена стручна анализа од Агенцијата за храна и ветеринарство, Советот на Агенцијата покрена прекршочни постапки против ТРД КАНАЛ 5 Скопје и ТРД ТВ СИТЕЛ Скопје за прекршување на член 53 став 5 и став 17 алинеја 2 од ЗААВМУ. Прекршувањата се однесуваат на емитување телешопинг спотови во кои лажно се претставуваат природата и карактеристиките на производите, односно аудиовизуелните комерцијални комуникации се невистинити и нечесни, со што се заведува јавноста и се против интересите на потрошувачите.
Советот на Агенцијата ја прифати Информацијата за измена на Предлог-одлуката за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на Националната установа Албански театар за деца и млади, Скопје, согласно мислењето од Секретаријатот за законодавство.