Скопје, 25.07.2019г. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се забранува промена на сопственичката структура и Одлука за поведување постапка за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација, по службена должност, кај ТРД Радио Свети Николе ДОО Свети Николе.
Врз основа на констатации од надзор, односно неисполнување на минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД МХ-Радио Охрид.
Со цел да се започне постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка – Истражување-анализа на родовите прашања и начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмите на радиодифузерите.
Најавената точка во врска со предлогот кој се однесува на потребата од јавна набавка-услуга – одржување на системот за мониторирање на РА и ТВ сервиси и надзор над операторите на јавна електронска комуникациска мрежа, е одложена.