Хроника од 29та седница

Скопје, 01.08.2022 – На 29-та седница Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одзема дозволата за радио емитување на ТРД КАПИТОЛ ФМ ДООЕЛ Скопје, поради тоа што по издавањето на дозволата настанале околности што претставуваат законски пречки за имателот на дозволата да ја врши дејноста – отповикани одобренија за користење на радиофреквенции издадени од Агенцијата за електронски комуникации како основен услов за вршење на дејноста – емитување на радио програмски сервис.

Со цел започнување на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка-услуга: Одржување на дополнителниот модул на постојно апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“.

 

 



Accessibility

Accessibility