Скопје, 27.01.2022 година – Советот на Агенцијата на втората седница одржана на 25.01.2021 година ги разгледа кварталните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за последното тромесечје од 2021 година.
Согласно потребите на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да донесе одлука за уплата за средства заради овозможување пристап до податоците на Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на РСМ и за спроведување на јавни набавки за: ревизорски услуги, услуга од приватна Агенција за вработување и одржување на противпожарна спринклер инсталација (сува потстаница, прскалки и пумпи) и одржување на ПП апарати