Скопје, 10.9.2026 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 30 седница одржана на 10.9.2026 г. донесе Одлука за продолжување на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје. Дозволата Уп1 бр.08-4 од 7.9.2023 година се продолжува за период од девет години.
Во делот на јавните набавки, беше дадено одобрување за спроведување постапка за јавна набавка на услуга – водоинсталатерски и електричарски услуги. Постапката е предвидена и е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2026 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (пречистен текст) бр.05-3241/1 од 26.8.2026 година, а средствата се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2026 година.