Хроника од 30-та седница

Скопје, 30.07.2020 год. – На денешната седница Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање во периодот 24 јуни-12 јули 2020 година.

Советот на Агенцијата ја прифати Информацијата во врска со Решението на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на донесените Уредби со законска сила за примена на ЗААВМУ со која беше известен дека од конечната одлука на Уставниот суд зависи дали ќе има потреба од измена и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси (бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година, изменет и дополнет на 04.06.2020 година).

Поради тоа што во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не беше примена ниту една пријава во утврдениот рок, Советот донесе Одлука за неуспешен јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на македонски јазик, на програмски сервис музичко-говорно радио од специјализиран формат за народна музика, на локално ниво на подрачјето на општина Куманово.

Советот на Агенцијата донесе Решение за отфрлање на Пријавата за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво на подрачјето на општина Тетово, од Универзитетот во Тетово,  поради тоа што истата е некомплетна и неуредно пополнета и не ги содржи сите податоци предвидени во член 73 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Воедно, Советот донесе и Одлука дека јавниот конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис, наменет за студентската популација, на подрачјето на општина Тетово, на локално ниво, на албански и македонски јазик, е неуспешен.



Accessibility

Accessibility