Скопје, 04.09.2017г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Трговското радиодифузно друштво ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје, поради тоа што имателот на дозволата престанал со емитување на програмскиот сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини, согласно член 82 став 1 алинеја 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Воедно, Советот на Агенцијата одлучи да достави Ургенција до Министерството за финансии на Република Македонија, во врска со неисполнување на обврската согласно член 76-г од Изборниот Законик, односно одобрување на финансиски средства за реализација на активностите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поврзани со локалните избори кои ќе се одржат на 15-ти октомври 2017 година.